- Претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска смета дека е поразително за државата доаѓањето на тим од Вашингтон за справување со високата корупција кај нас.
- Вели дека ваква реакција била очекувана ако се земе предвид дека сите забелешки и укажувања на странските фактори што сме ги добиле, меѓу кои и од Американците, не се земени сериозно.
- „Очекувано е затоа што повеќе пати амбасадорката кажа дека се зачудила од начинот на избор на обвинителот, за она што се преземало од наша страна. Тој дури не чувствуваше ни морална одговорност, да речеме, да се повлече. Што се случи со сите оние кои го гласаа?“, рече Ивановска.
- Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека ќе го блокира усвојувањето на следниот седумгодишен буџет на Европската Унија доколку сите земји членки не се обврзат да ја продолжат финансиската поддршка за Украина.
- Мерц бара Украина да влезе во буџетот на ЕУ до 2034 година. Според проценките, Украина само следната година би можела да се соочи со недостиг од 70 милијарди евра.
- Повеќегодишното финансирање на Украина од 2028 година вклучува и покривање на каматите на веќе преземените обврски.
- Доналд Трамп оцени дека војната со Иран „всушност е завршена“. Поморската блокада ќе продолжи сè додека не се постигне официјален договор со Техеран за нуклеарната закана и за сообраќајот низ Ормускиот проток.
- „Во овој момент, преземањето воени дејствија не изгледа како нешто неопходно – но ние сме целосно подготвени и вооружени, спремни да реагираме доколку се појави причина за тоа“, изјави Трамп.
- По разговорите во Овалната соба со катарскиот премиер, Трамп истакна дека САД немаат причини да ја ескалираат војната, бидејќи нивите сојузници се добро заштитени.
- „Израел, како и целиот Блиски Исток, се заштитени од иранската опасност и закани... Ќе се погрижиме интересите на Америка во секое време да бидат заштитени. По завршувањето на овој воен ангажман, американскиот народ, а и светот, ќе бидат многу побезбедни и посигурни“, изјави Трамп.