- Во воздушни напади во текот на ноќта после објавувањето дека е постигнат договор за прекин на огнот, израелската војска во Газа убила најмалку 38 Палестинци.
- Меѓу убиените има жени и деца.
- Нетанјаху вели дека Хамас создава криза во последен момент и проблематизира некои делови од договорот и порача дека неговата влада нема да се држи до своите обврски додека Хамас не потврди дека ги прифаќа сите точки на договорот кој предвидува прекин на огнот, ослободување на преживеаните заложници и постепено повлекување на израелската војска.
- Москва сака да му се суди на украинскиот претседател Володимир Зеленски, но нема намера да го грабне како што Американците го киднапираа лидерот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави спикерката на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко.
- „Тоа не е наш стил. Ние сме земја која се почитува себеси и е почитувана од другите. Би ја изгубиле таа почит ако прибегнеме кон такви методи“, изјави Матвиенко во интервју за Русија 1.
- Таа отфрла и руска акција за ликвидирање на Зеленски, како што САД и Израел го убија ајатолахот Али Хамнеи на почетокот на војната против Иран.
- „САД не постигнаа ништо со убиството на врховниот лидер на Иран, а дамката на нивниот углед ќе остане во историјата засекогаш“, истакна Матвиенко.
- Таа, сепак, оцени дека Зеленски е одговорен за војната во Украина и дека треба „да се соочи со судење и да биде казнет за своите постапки“.