Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Обновата на Украина ќе чини 400 милијарди долари (до сега)

20 јуни 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Украина сака да собере некои си 40 милијарди долари, кои ќе бидат потребни за првата фаза од „Зелениот Маршалов план“, која ќе биде фокусирана на обновување на економијата, конкретно развивање на металуршката индустрија која нема да користи јаглен.
  • За овие пари би се изградила металуршка индустрија со годишен капацитет од 50 милиони тони „зелено“ железо, со што земјата би станала најевтин снабдувач на светот со „зелено“ железо. Планот е новите железари да се градат близу рудниците со железо, а не близу рудниците за јаглен (кои се наоѓаат главно во Донбас) како што беше до сега.
  • На овој сектор во 2021 отпаднале 10% од БДП-то на Украина, вработувал околу 600.000 луѓе и учествувал со една третина од вкупниот извоз на земјата.
  • Процената на Светската банка е дека реконструкцијата на земјата ќе чини над 400 милијарди долари.
извор

Русија бара Финска да замине од НАТО

13 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Руската делегација на преговорите во Абу Даби побарала НАТО да ги повлече своите воени сили подалеку од границата со Русија, а Финска да замине од Алијансата и да го обнови својот статус на неутрална земја, пишува германскиот весник „Билд“.
  • Ова се само дел од предлозите на Москва за воспоставување нови безбедносни аранжмани во Европа, кои им биле пренесени на претставниците на САД и Украина. „Билд“ нагласува дека овој документ е само еден од неколку неофицијални нацрти и дека не може да се потврди дали е одобрен од Путин.
  • Молдавија би се трансформирала во федерација на централната територија, Придњестровје и Гагаузија. Ако Молдавија се приклучи кон ЕУ, на двата проруски региони би им било овозможено да одржат референдуми за независност.
  • За возврат, Русија би ги повлекла нуклеарното оружје и ракетите со среден дострел распоредени во Белорусија. Исто така би ги повлекла и своите војници од Придњестровје.
  • Ставот за Украина е непроменет. Русите побарале Киев да ги отстапи целите територии на Доњецк и Луханск, вклучувајќи ги и оние што сега ги контролираат украинските сили.
  • Пристаништата Одеса и Николаев би биле демилитаризирани. Посебни аранжмани би ја гарантирале слободата на пловидба во Црното и Балтичкото Море.
  • Киев би морал трајно се откаже од намерата за пристапување кон НАТО, но би можел да го продолжи процесот за членство во Европската Унија.

извор

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

13 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сите полициски службеници кои работат на терен ќе носат телесни камери по примерот на американската полиција, откако Министерството за внатрешни работи склучило петгодишен договор со американската компанија „Аксон“.
  • Телесните камери според информациите на „Слободен печат“ ќе бидат доставувани сукцесивно, во наредните пет години, а првите се очекува да станат дел од полициската униформа на средината на 2027 година. Договорот не може да се пронајде на страницата на Бирото за јавни набавки, бидејќи е склучен во четири очи за оваа софистицирана опрема.
  • Телесните камери ќе работат со бројни функционалности како вештачка интелигенција, и превод на говорот во реално време од над 40 јазици, а снимките ќе пристигнуваат во команден центар (сличен на оној од „Сејф Сити“, но посебен) каде софтверски ќе се прави анализа на податоците.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Не се закачајте со Гоца

Балканштина
2

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

3

Хуанг замина од Nvidia, Вол Стрит очекува да пукне балонот на ВИ

4

Путин умира, Русија ја напаѓа Естонија, НАТО губи

Свет
5

Потопување Мисици

Балканштина
6

Волк на скромна македонска софра

Разно
7

На некој да не му фали Волво?

Македонштина
8

Одамна не сме имале ЈАК виц

Македонштина
1

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

2

Хуанг замина од Nvidia, Вол Стрит очекува да пукне балонот на ВИ

3

Путин умира, Русија ја напаѓа Естонија, НАТО губи

Свет
4

Хегсет му даде медал на војникот кој го укори

5

Русија бара Финска да замине од НАТО

6

Трамп на време ги продал акциите во Nvidia

Бизнис
7

Соседите одбиваат да му ја затворат задната порта на Иран

Свет
8

Министерството за вистина на Ентони Албанезе

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Балканштина

Не се закачајте со Гоца

Македонштина

Одамна не сме имале ЈАК виц

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Зошто на Скопје му треба вовче

Да се оди на ова

Време е пешаците повторно да ги освојат улиците

Пофалба на обратноста

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy