- Човек во комплетна нинџа облека и опрема им се здал на членови на 160-тата регимента за специјални операции на американската авијација кои се наоѓале на обука во калифнорниска пустина.
- Има двајца повредени специјалци. Едниот бил поткачен со катаната на нинџата а другиот од него добил камен по глава додека се криел во хангарот.
- 20 минути после „иницијалниот контакт“, полицијата добила повик на 911 дека „26 специјалци чучат згрчени во хангарот прашувајќи се до каде е помошта“.
- Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд бил префрлен во болница во сериозна здравствена состојба по наводен обид за самоубиство, неколку дена откако против него беше покрената истрага за „тешка корупција“, поврзана со осудениот педофил Џефри Епстин.
- Јагланд, кој беше и генерален секретар на Советот на Европа и претседавач на Нобеловиот комитет за мир, е обвинет дека побарал лични заеми од Епстин и му бил гостин на неговите имоти.
- Норвешките медиуми цела недела не објавувале вести за обидот за самоубиство, откако адвокатот на Јагланд постигнал договор со Норвешката асоцијација на уредници и ги предупредил дека неговата здравствена состојба е сериозно нарушена.
- „Товарот врз Јагланд и неговото најблиско семејство е голем во последно време, до тој степен што постои сериозна опасност по животот или здравјето. Тој беше згрижен од здравствената служба во текот на викендот. Исто така, има сериозни здравствени состојби во неговото најблиско семејство“, напишал адвокатот Андерс Бросвет.
- Доналд Трамп во говорот за состојбата на Унијата издвои цел час за фалење на економските успеси на неговата администрација. „Нашата нација се врати - поголема, подобра, попросперитетна и посилна од кога било досега. Ова е златното доба на Америка!“.
- Десетици демократски конгресмени го бојкотираа обраќањето, а Ал Грин, беше отстранет од салата на Сенатот откако истакна парола: „Црнците не се мајмуни“.
- Трамп ја критикуваше имиграциската политика на претходната демократска администрација. Истакна дека „градовите-засолништа ја блокираат депортацијата на криминалци и штитат нарко-босови и убијци“.
- Во рекордното обраќање од 108 минути речиси да не ја спомна војната во Украина, но отворено му се закани на Иран: „Претпочитам да го решам овој проблем преку дипломатски канали, но едно е сигурно: никогаш нема да дозволам најголемиот поддржувач на тероризмот во светот да поседува нуклеарно оружје.