- Началникот на Управата за разузнавачки работи на министерството за одбрана на Украина, Кирило Буданов изјави дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал од природна смрт.
- „Можеби ќе ве разочарам, но знаеме дека Навални почина од згрутчување на крвта. Ова не се податоци од интернет, помалку или повеќе е потврдено дека се работи за природна смрт“, изјави Буданов на средба со новинари.
- „Најостро реагираме на скандалозното и неодговорно однесување на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој со месеци не се појавува на работното место, не присуствува на владините седници, не одговара пред Собранието, а притоа продолжува да ја користи функцијата и бенефитите што ги плаќаат граѓаните на Македонија“, велат од партијата Левица.
- „Додека Владата на Мицкоски секојдневно им порачува на граѓаните дека „нема пари“ за повисоки плати, помош за ученици, здравство и социјални мерки, истата таа Влада дозволува функционер кој не доаѓа на работа да продолжи да зема плата, дневници и да патува на егзотични дестинации.
- Партијата прашува колку пари се исплатени за плати, патни трошоци и привилегии на функционер “за добро владеење” кој не ја извршува функцијата и дали Владата ќе иницира постапка за утврдување одговорност за несовесно и ненаменско трошење државни средства?