- Компанијата SpaceX на Илон Маск го префрла фокусот од населување на Марс кон изградба на „саморастечки град“ на Месечината.
- Маск забележа дека не се откажува од целта да изгради населба на Марс и дека тој проект би почнал за 5 до 7 години, но Месечината е приоритет за „обезбедување на иднината на цивилизацијата“.
- „Можеме да почнеме да градиме населба на Месечината за помалку од 10 години, додека за Марс се потребни повеќе од 20 години. До Марс може да се патува само кога планетите се порамнуваат на секои 26 месеци, а времето на патување е шест месеци. До Месечината можеме да лансираме ракети на секои 10 дена, со време на патување од два дена“, објасни Маск на Икс.
- Поимот „саморастечки град“, се толкува како населба што би била независна од доставување ресурси од Земјата, способна самата да произведува енергија, кислород, вода и храна, и да се шири со текот на времето.
- Маск имаше слична визија и за град на Марс – независен од залихи, но и од политичко влијание од Земјата. Колонизаторите на Марс би носеле сопствени одлуки преку директна демократија.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.