Петок 25 март, е прогласен за ден на жалост во Косово по смртта на Медлин Олбрајт, поранешната државна секретарка на САД.
Вјоса Османи: Госпоѓа Олбрајт ја знаеше болката на нашиот народ затоа што и самата доживеа прогон како дете, па остана одлучна против Милошевиќ сè додека не се прекине неговиот геноцид на Косово.
Финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе денеска телефонски разговарале со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина.
Стуб и Сторе, кои минатата недела во Осло беа домаќини на американскиот посредник Стив Виткоф и украинскиот претседател Зеленски, истакнаа дека разговорот со Путин бил „во име на нивните земји и на никој друг“.
Планот бил да разговараат 20 минути, но биле на линија час и половина. Сторе го опиша разговорот како „суштински, фокусиран на конкретните прашања и професионален“.
„Тој потсети на своите ставови за тоа како се развивал конфликтот од 2014 година – а ние ги изнесовме нашите позиции. Станува збор за добро познати ставови, кои можевме да ги сослушаме и на нив да одговориме“, изјави норвешкиот премиер.
Одговарајќи на критиките од данската премиерка Мете Фредериксен зошто не ја координирале иницијативата со европските партнери, Сторе одговори дека директно му ги пренеле своите ставови на Путин.
„Сметам дека водењето разговори и испраќањето соодветни пораки не е погрешно. Денес до Москва допираат пораки само од американската администрација. Сега се слушаат и гласови од две соседни држави – Финска и Норвешка – кои не зборуваат во име на другите, туку... во целосна усогласеност со ‘коалицијата на оние што сакаат да дејствуваат‘, кои делат исто мислење за природата на оваа војна и за тоа како таа треба да заврши“, изјави Сторе.
Тринаесетмина пратеници од македонското Собрание неодамна се вратија од службена посета на своите колеги од израелскиот парламент или Кнесет. Сега истите изигруваат жртви, изненадени и навредени, од, би рекла дури и срамежливите, реакции на јавноста, небаре отишле таму на шопинг, а не во име на македонскиот народ да дадат кукавичка поддршка на земја што врши окупација и хуманитарни трагедии врз палестинскиот народ.
Навикната, просечните македонски политичари да не можат да видат ништо подалеку од Табановце и Деве Баир, а камоли да разбираат деликатни и комплицирани политички, геостратешки и империјалистички глобални односи, ќе се обидам накусо да им „нацртам“ каде биле и пред кого ја свиткале кичмата, оптоварувајќи нè и нам со нивниот срам, кој очигледно не го чувствуваат.
Амнести интернешнел, по обемната истрага на убиствата, тешките повреди, уништувањето на цивилната инфраструктура и намерното наметнување услови што го загрозуваат опстанокот на населението, заклучи дека Израел врши геноцид врз Палестинците во Газа.
До истиот заклучок дојде и Независната меѓународна истражна комисија формирана од Советот за човекови права на ОН.
Досега во Газа се пријавени повеќе од 71.800 убиени Палестинци, меѓу кои најмалку 21.289 деца и над 171.000 повредени, пишува Ирена Цветковиќ за Призма.