- Републиканскиот конгресмен Томас Маси ја обезбеди потребната поддршка во Претставничкиот дом за усвојување на закон што ќе го зголеми притисокот до Министерството за правда да ги објави сите документи од досието на Џефри Епстин.
- Законот, за кој ќе се гласа идната недела, ќе им овозможи на жртвите на синџирот за проституција на Епстин, на пратениците и на обвинителите во сојузните држави да го тужат Министерството за правда ако сметаат дека тоа прикрива документи.
- Жртвите на Епстин ќе добијат право на увид во оригиналните документи во кои се спомнати, пред прецртувањето на имињата.
- Министерството за правда во почетокот на годинава објави околу 3,5 милиони страници, 2.000 видеа и 180.000 фотографии поврзани со истрагите за активностите на Џефри Епстин и за неговата смрт во затворска ќелија во Њујорк.
- Маси и други конгресмени тврдат дека Министерството за правда незаконски прикрива уште околу 3 милиони документи.
- Армиски гардист им се развика на министерот за одбрана Пит Хегсет и на неговите придружници кои се смееле и гласно разговарале пред Гробот на незнајниот јунак во Арлингтон на Денот на воените ветерани.
- Кога слушнал смеење, стражарот истапил од својата позиција и гласно и остро ѝ подвикнал на групата како се изразува почит кон паднатите војници.
- „Сите посетители ќе одржуваат атмосфера на тишина и почит во секое време!“, извикал војникот.
- ЦНН објави дека во групата на Хегсет биле неговата сопруга Џенифер, началникот на Генералштабот Рики Бурија, заменик-началникот Патрик Вивер и советничката Тами Радабо.
- Спомен-обележјето во чест на непознат американски војник загинат во Првата светска војна е едно од најстрого чуваните места во САД. Гардист од Третиот пешадиски полк таму деноноќно чува почесна стража во секакви временски услови, уште од 1948 година.
- Демократот Скот Колом победи на изборите за сенатор во Мисисипи, сојузна држава која важи за едно од најцврстите упоришта на републиканците.
- Колом е првиот црн сенатор од оваа сојузна држава по 1881 година и првиот демократ избран по 1947 година.
- Победата во Мисисипи ја зголемува предноста на демократите во Сенатот на 55 спрема 44. На овие избори од републиканците презедоа сенаторски места во осум сојузни држави.
- Сè уште не се познат исходот од трката во Алјаска, каде што по пребројувањето на 85% од гласовите кандидатката на демократите има мала предност.