- Само 8 отсто од граѓаните веруваат во македонското судство. Податокот од истражување на Евротинк, денеска на судиите им го кажа американската амбасадорка, Кејт Брнз.
- Претседателите на судските органи тврдат дека проблемот е недостатокот од судии и мал буџет.
- Ако за нешто доаѓале пари од Запад овде, тоа се судството и медиумите (грантови, воркшопови, модернизации...), веројатно двете најшкарт гранки во земјава. Чудесии.
- Израелската армија потврди дека е автентична фотографијата што се шири на социјалните мрежи, на која се гледа како израелски војник со голем чекан ја удира главата на Исус на статуа што паднала по израелски напад врз христијанското село Дебл во јужен Либан.
- Северната команда објави дека се спроведува истрага за инцидентот, дека „ќе бидат преземени соодветни мерки против одговорните за инцидентот во командниот синџир“ и дека „се соработува со локалната заедница за да се врати статуата на своето место“.
- Пред да постигне договор за прекин на огнот во Либан, Израел протера близу 1 милиони Либанци од територијата јужно од реката Литани, уништи многу села и сè уште ја окупира територијата.
- „Господе, прости им, зашто не знаат што прават“.