- По обвинувањето на американскиот претседател дека Владимир Путин е воен злосторник, се огласи и Кина: „Кина никогаш нема да заборави кој ја бомбардираше кинеската амбасада во Југославија. Не ѝ требаат предавања од оние кои го прекршиле меѓународното право“.
- Во соопштението на кинеската мисија во ОН се истакнува и дека НАТО, како остаток од Студената војна, продолжува да ја шири својата територија и опсегот на операции.
- На 7 мај 1999 година, поради бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО, беше погодена и кинеската амбасада во Белград. Во таа прилика загинаа три лица, а повеќе од 20 беа повредени.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.