- По повеќе години работење на македонскиот пазар во 2019 Агенцијата за храна и ветеринарство прави анализа на производите на „Слимлајн“. Кратко по ова АХВ го брише „Слимлајн“ од својот регистар.
- Србија ги забранува производите на брендот уште пред четири години.
- И покрај ова продажбата продолжува преку веб-страната на „Слимлајн“ со помош на агресивно рекламирање на Инстаграм и Фејсбук.
- Од ИРЛ: „До објавувањето на овој текст на официјалната страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, овие фирми ги немаше во регистерот за одобрени додатоци на исхрана. За време на истражувањето, репортерите од ИРЛ се соочија со притисоци од сопствениците и со лица од институциите со цел да се спречи оваа публикација.“
- Еден ден откако го призна поразот на претседателските избори во Бразил, Флавио Болсонаро заминал во САД, наспроти судската одлука да го предаде пасошот.
- Извори на ББЦ тврдат дека САД итно им издале виза на Болсонаро и членовите на неговото семејство. Флавио наводно веќе пристигнал во Флорида и се сретнал со помладиот брат Едуардо, кој живее во Тексас.
- Против Флавио Болсонаро во Бразил се води истрага за перење пари. Ако биде обвинет, Бразил може да побара да биде екстрадиран од САД.
- Таткото на Флавио – поранешниот претседател Жаир Болсонаро, отслужува казна од 27 години затвор поради учество во заговор за државен удар, по поразот на претседателските избори во 2022 година. Поради нарушеното здравје, казната ја отслужува во домашен притвор.
- „Флавио се откажа. Тој е преплашен. Загрижен е дека татко му ќе умре во затвор, дека тој самиот ќе заврши во затвор уште оваа недела, и дека го чека долга затворска казна“, изјави советник на Болсонаро.
- Рускиот претседател Владимир Путин го поканил украинскиот претседател Володимир Зеленски да дојде во Москва на директни разговори за крај на војната. Му гарантира безбедност.
- Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и финскиот претседател Александар Стуб вчера во телефонскиот разговор го известиле Путин дека Зеленски е заинтересиран за директни разговори.
- „Ако Зеленски навистина сака да води директни преговори, треба да дојде во Москва, каде што ќе му бидат обезбедени сите неопходни услови, вклучувајќи и безбедност“, изјави Јуриј Ушаков, советник за национална безбедност во Кремљ и поранешен амбасадор во САД.
- Путин во разговорот се фокусирал на иницијативата за трилатерални разговори меѓу Русија, Украина и САД во Абу Даби, но не ја разгледува можноста и Европа да испрати свои претставници.
- „Воопшто не размислуваме за тоа кој би можел да ја претставува Европа, бидејќи за тоа ќе се одлучува во многу подоцнежна фаза“, кажа Ушаков.
- Путин и Зеленски се сретнале само еднаш, во 2019 година во Елисејската палата.