Иран наскоро ќе ѝ се приклучи на Новата банка за развој на блокот БРИКС, што на Техеран ќе му отвори нов канал за финансирање на развојот, надвор од системот во кој доминираат западните земји.
Иран, кој со децении трпи тешки американски и меѓународни санкции, пред две години стана полноправна членка на БРИКС, економско-политичкиот сојуз формиран од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
Една од главните цели на БРИКС е да ја намали зависноста на членките од американскиот долар преку поттикнување на трговија и финансиски трансакции во нивните национални валути.
Иран се залага за билатерални порамнувања во локални валути, па дури и за воведување единствена валута на БРИКС. Новите чекори кон дедоларизација опфаќаат поединечни аранжмани – како што се плаќањата во јуани за трговија со нафта и гас, и напорите на Русија и Иран за поврзување на нивните банкарски системи.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.