- Во школото каде што се случи масакр на деца од страна на нивен соученик, од министерството за здравство била пратена извесна докторка Ранка Радуловиќ за да им помогне да се справат со траумата од преживеаната трагедија.
- Со знаење на директорката, доктор Радуловиќ ги внела децата во кабинет, „им пуштила народна музика и барала од нив да се поврзат со духовите и душите на своите мртви другарчиња“.
- Слободан Негиќ, татко на убиено девојче во основното училиште Владислав Рибникар за оваа мрачна сеанса говореше во емисијата „Впечаток на неделата“, во гостување кое никого не остави рамнодушен.
- Претседателите Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг ќе одржат трилатерален самит идната недела во кинескиот град Шенжен, на маргините на собирот на организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК).
- Лидерите на САД, Русија и Кина ќе разговараат за нов договор за нуклеарно разоружување. Белата куќа најави дека Трамп ќе го отвори прашањето за нуклеарната закана од Иран.
- Војната во Украина нема да биде на дневниот ред.
- Последниот договор за ограничување на стратешкото нуклеарно оружје на САД и Русија - „Нов СТАРТ“ - истече во февруари. Трамп бара нов договор во кој ќе биде вклучена и Кина.
- „Не очекуваме никаков конкретен договор. Целта на средбата е да се подготви терен за разговори на ниво на шефови на држави“, објави Белата куќа.
- Пред трилатералниот самит, планиран е работен ручек на Трамп со Си. Според извори на Ројтерс, Илон Маск ќе го придружува Трамп во Кина, но нема да учествува на разговорите со Си и Путин.
- Во период од околу четири часа вчера беа откажани сите авионски летови на територијата на САД. Ова е најдолгото општо приземјување на авиони по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.
- Забраната за летови траела од 15.54 до 20.15 часот според локално време. Во тој период, според FlightAware, биле откажани повеќе од 8.500 летови и уште 8.000 биле одложени, вклучувајќи и меѓународни.
- Министерот за транспорт Шон Дафи изјави дека бил преоптоварен постариот систем за комуникација во контролата на летање. „Станува збор за аналогна телекомуникациска опрема. Нашите централи и рутери всушност беа преоптоварени со податоци, па престанаа да работат“, рече Дафи. Според него, на системот му е потребна целосна реконструкција, со проценет трошок од 50 милијарди долари.
- Секретарот за внатрешна безбедност, Марквејн Малин изјави дека нема „апсолутно никакви докази“ дека прекинот бил предизвикан од кибернетски напад. Отфрли и поврзаност со глобалниот прекин во работата на апликации на Микрософт, кој почна во четвртокот.
- Надминувањето на техничкиот дефект ќе предизвикува повремени застои во авионскиот сообраќај уште неколку дена.