- За ослободување на стотина заложници, меѓу кои имало и високи офицеруи на израелските одбранбени сили, Хамас бара ослободување на 6.000 мажи и жени од израелските затвори.
- Објавија и видео снимка од 21 годишна девојка (Израелка која има и француско државјанство) која била киднапирана на музичкиот фестивал Супернова. „Ве молам извлечете ме одовде што е можно поскоро“, вели девојката во видеото.
- Хамас тврди дека во појасот Газа има 250 заложници. 200 држат тие, а 50 друга милитантна организација. 23 настрадале во изралеските возушни напади.
- Глобалните залихи на саудиска нафта би можеле да се исцрпат за неколку дена доколку не се врати во функција виталниот нафтовод погоден од јеменските бунтовници.
- Откако дронови лансирани од хутите уништија пумпна станица, Ријад го затвори нафтоводот долг 1.200 километри од Персискиот залив до Црвено Море, со што се губат 4% од глобалните залихи.
- Аналитичари од Marhelm проценуваат дека за поправка на оштетувањата на нафтоводот може да биде потребен повеќе од еден месец поради „недостиг на резервни делови“.
- Долготрајниот прекин би можел дополнително да ги зголеми цените на горивата, откако цената на барел нафта од типот „брент“ достигна 109 долари.
- Саудиска Арабија минатата недела го извести ОПЕК дека нејзиното производство на сурова нафта паднало на 6,2 милиони барели дневно, од 10,9 милиони барели пред почетокот на војната во Иран.
- Вработена во МВР која во 2021 година била отпуштена поради злоуотреба при издавање на лични документи, па со судска одлука во 2025 година вратена на работното место, сега е повторно уапсена под сомнение за злоупотреби при издавање возачки дозволи.
- Против неа и уште 26 лица Основното јавно обвинителство Скопје води истрага за повеќе кривични дела поврзани со незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба.
- Толку за судовите.