- Додека уште се чекаат официјалните изборни резултати од вториот круг на претседателските избори, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган на големо го слави својот нов мандат.
Анкара:
- „Драг мој пријателе...“ ја започнува честитката рускиот претседател Владимир Путин. „Вашата победа е јасен показател на поддршката на турскиот народ на вашите напори да го зајакнете државниот суверенитет и да остварите независна надворешна политика.“
- Честитаа и Трамп, Вучиќ, Рама, Орбан... а слават и Турци кои живеат во Македоија
- ТРТ јави дека по преброени 97,9 отсто од гласовите Ердоган води со 52, 14 отсто, додека неговиот противкандидат од опозицијата Кемал Киличдароглу освоил 47,86 отсто.
- Рускиот претседател Владимир Путин предложил троен самит со Доналд Трамп и Си Џинпинг за постигнување договор за крај на војната во Украина. Зеленски не е поканет.
- Путин го предложил самитот за време на телефонскиот разговор со Трамп на 9 октомври, кога постигнаа договор за продажба на руски дизел на глобалниот пазар. Трилатералната средба, според Кремљ, би се одржала на маргините на состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка на 18 и 19 ноември во кинескиот град Шенжен.
- „Сè уште нема јасен договор за средбата и за агендата, иако сите три страни не ја отфрлаат можноста за одржување на таков самит“, изјави за Волстрит журнал портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Руските претставници ја пренеле идејата до Пекинг преку дипломатски канали. Кинеската страна сигнализирала дека нема да има ништо против, доколку се согласи и Трамп. Висок американски функционер изјави дека Трамп е „отворен за оваа идеја“.
- Трамп вчера го критикуваше Зеленски поради украинските напади врз нафтен терминал во Санкт Петербург. „Тој не сака да ја заврши оваа војна, а веројатно никогаш и не сакал“, порача Трамп.
- Претседателот Емануел Макрон предупреди дека ќе ги ограничи граѓанските слободи за да ги запре немирите во Франција, кои од протести поради лошите услови во училиштата прераснаа во демолирања, палења јавни згради и ограбување продавници.
- „Префектите ќе соработуваат со локалните власти за да воведат забрани за одредени собири, кога тоа ќе биде потребно“, изјави Макрон.
- Во саботата беа уапсени повеќе од 2.300 луѓе, откако протестите против високите трошоци за живот и условите во училиштата прераснаа во општо насилство и хаос. Речиси 1.000 полицајци и жандарми беа повредени, а еден демонстрант починал од срцев удар. Во Лимож беше запалено градското собрание, изградено во 1873 година.
- „Штетата е значителна и без преседан. Париз е град на слободи, дебати и демонстрации и мора да остане таков. Но, исто така, мора да биде и град во кој секој може безбедно да работи и да води бизнис“, напиша заменик-градоначалникот Емануел Грегоар во отворено писмо до владата.
- Макрон тврди дека причина за немирите е војната во Иран, која ги зголемила трошоците за живот во Франција. Опозициската лидерка Марин Ле Пен ги обвини претседателот и левицата дека ги поттикнале немирите. Американскиот претседател Доналд Трамп како причина за насилството ја истакна политиката на Макрон кон миграцијата.