Со 28 гласа за и 21 против, бугарскиот Врховен касационен суд ја укина можноста за правна промена на полот. Со други зборови, во официјални документи, трансексуалците не ќе можат да се пишат жени ако се мажи (и обратно).
Бугарското општество долго време е поделено по ова прашање а праксата на судовите во Бугарија беше контрадикторна со одлуката на Уставниот суд од 2018 год. дека полот е само машки и женски.
Оние кои штотуку се осознаа како Бугари и како Пендиков чекаат бугарско државјанство, ќе мора да почекаат ваквата одлука да се смени за да се пишат поинаку доколку во меѓувреме се осознале и во друг поглед.
Во обид да го засили притисокот врз режимот во Техеран загрозен од масовни протести, американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% за увоз на стоки од земји што соработуваат со Иран.
Кина се очекува да биде најтешко погодена од царината. Пекинг лани купи 77% од суровата нафта што ја извезува Иран - околу 1,6 милиони барели на ден. Другите главни трговски партнери на Иран се Индија, Европската Унија, Турција и Обединетите Арапски Емирати. Според податоци од Светската банка, Иран во 2022 година извезувал стоки во 147 земји.
Трамп во неделата изјави дека властите во Техеран побарале разговори со САД. Тој додаде дека Вашингтон е во контакт со ирански опозициски лидери и дека ги разгледува сите опции за зголемување на притисокот врз иранскиот режим, вклучувајќи кибернетски и воени напади.
„Воздушните удари се една од многуте алтернативи, но дипломатијата секогаш е првата опција за претседателот“, изјави претставничката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Нападот на Венецуела и грабнувањето на Мадуро го сменија статусот на САД од изминативе 120 години: Сега Америка и отворено се смета за империја. Била таа тоа и претходно, само што сега го признава тоа.
Досегашните воени интервенции по светот беа објаснувани со наративи за човекови права и демократија. Трамп не гледаше потреба од тоа, тој ја нападна Венецуела просто затоа што „е во наш интерес.“
„Има нешто охрабрувачко и освежувачко во тоа што некој конечно ја кажува вистината за тоа зошто го правиме она што го правиме. Претседателот апсолутно ја кажа вистината, и тоа е добро“, вели Карлсон.
Напуштањето на републиката и преминувањето во империја е познат животен циклус за цивилизациите и затоа се знае што ќе се случи. Првото нешто е дека моќта ќе биде во извршната, а не во законодавната власт. “Конгресот неизбежно ќе исчезне. Веќе е така“.
Но откако ќе кажете дека ја грабаме Венецуела затоа што сме вознемирени што продаваат нафта на Кинезите или другите ривали, тешко е да тврдите дека Русија не треба да ја интересира Украина. Тешко е да се прекори Путин што упаднал во Украина.
„Претседателот објави дека го зголемува буџетот на Пентагон од 1 трилион на 1,5 трилиони. Тоа не е буџет за мировни операции. Тоа е воен буџет, огромен воен буџет. Сите знаци сугерираат дека наскоро ќе имаме голема војна. Голема војна. Наскоро. Се надевам дека нема да се случи, но очигледно се движиме во таа насока кон светска војна. Жал ми е“.