- Рајан Весли Раут е осуден на доживотен затвор за обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп на голф терен во Флорида во септември 2024 година.
- Раут (59) лани беше прогласен за виновен, затоа што во снајперско гнездо чекал да се приближи тогашниот претседателски кандидат Трамп. Избегал кога агент од Тајната служба ја забележал цевката на пушката во грмушки покрај теренот во Вест Палм Бич.
- „Тој со месеци планирал да убие еден од главните претседателски кандидати, покажа волја да убие секого на патот, а потоа не изрази жалење ниту каење“, објави судијката Ејлин Канон во пресудата.
- Раут се изјасни невин, а кога ја слушна пресудата во судницата се обиде да се прободе во врат со пенкало.
- Ова беше втор обид за атентат врз Трамп во 2024 година. Претходно во Пенсилванија врз него пукаше Томас Крукс, кој притоа уби маж и рани неколку луѓе, пред да биде застрелан од полицајци. Еден куршум го погоди Трамп во увото.
- Бугарија е на пат да забележи историски најниска излезност на првиот круг од претседателските избори. Според последниот официјален пресек на Централната изборна комисија, до 16 часот гласале само 16,04 отсто од избирачите.
- Според две од трите мерења, до два часа пред затворањето на избирачките места гласал само секој петти избирач.
- На претседателските избори во 2021 година во истиот период излезноста била 24,12 отсто, односно за повеќе од 8 процентни поени повисока.
- Во 1992 година, на првите демократски претседателски избори, излегле 75,39 отсто од избирачите, во 1996 година 63,14 отсто, а во 2001 година 41,63 отсто. Досега ниту еден прв круг не паднал под 40 отсто.
- Излезноста на парламентарните избори во Србија во часовите по отворањето на избирачките места е двојно поголема од онаа на претходните избори во 2003 година. За гласање се прават километарски колони.
- За 250 пратенички места во Народното собрание се натпреваруваат 18 изборни листи, од кои девет се малцински. Право на глас имаат нешто повеќе од 6,45 милиони избирачи.
- Главната битка е меѓу владеачката Српска народна странка чија листа ја предводи Александар Вучиќ и Студентската листа, изнедрена по долготрајните блокади и протести иницирани од падот на настрешницата во Нови Сад,
- За постизборната ситуација и комбинации не помалку важно е дали и кои други партии ќе го преминат цензусот. Таа дилема важи главно за Социјалистите на Ивица Дачиќ, Автентичната десница на Милош Јовановиќ и Европската листа (Здравко Понош, Мариника Тепиќ, Ѓилас...).
- Резултатите се неизвесни но уште поголема неизвесност и несигорност создава прашањето дали тие ќе бидат признати од страната која ќе изгуби, во атмосфера во која српското политичко тело е полазирано како никогаш досега.
- Од заедницата на Македонци во Србија потсетуваат: „Шарената револуција не ѝ донесе ништо добро на Македонија, не сакаме и Србија да помине низ слично искуство“.