Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Дојран пак остана без вода за празник

24 април 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Повисоките делови на Стар Дојран останаа без вода за Велигден.
  • Локалното комунално претпријатие ладнокрвно ги извести луѓето кои масовно дојдоа во Дојран за велигденските празници дека ќе немаат вода до вторник, ама дека ќе шета цистерна па ќе им точи вода ако треба.
  • Од коментарите на социјалните мрежи:

Катерина: Срамно е да барате разбирање и трпение од луѓе кои со години се соочуваат со истиот проблем и се лишени од вода. ВОДА во 21 век, во едно од најпознатите туристички места во Македонија. Срамота!

Ана- Марија:  Да, секако, имаме трпение веќе 50 години, ќе се стрпиме уште малку, не е проблем...

Горан:  Срамота.. Во секое Јавно претпријатие од овој тип има дежурна екипа која во најбрз можен рок го отстранува дефектот. А во Стар Дојран бидејќи е празник ќе се чека до вторник. Мој предлог е да го поврзето со 1.Мај, па потоа од втори мај работете на дефектот.

Зоран: Како тоа за секој празник или продолжен викенд се случува дефект? Нели е срамота 50 години истите лаги да ги повторувате и воопшто да не се потрудите да се реши проблемот со водоводната мрежа?

  • На претпразничното тв гостување во утринската емисија на Канал 5, актуелниот градоначалник восхитено зборуваше за експанзијата на Дојран, за тоа како тој станува сè поатрактивно место, за негово претставување на туристички саеми во странство.... 

 

 

извор

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

15 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
  • Галего, кој пред да влезе  во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
  • „'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
  • Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.
извор

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

14 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Трите најголеми италијански мафијашки групи формирале нов сојуз, кој ја засилил соработката со албанската мафија за трговија со дрога. „Најновите истраги открија стабилни и стратешки односи меѓу организации од Калабрија со Албанците“, изјави Никола Пјаченте, главниот обвинител на Џенова.
  • Сицилијанската Коза ностра, калабриската Ндрангета и неаполската Камора ја препознале штетата од меѓусебните војни и формирале сојуз „Хидра“ за да го зголемат профитот од своите криминални активности, без да ја жртвуваат автономијата.
  • „Јасно е дека исчезнуваат историските разлики меѓу мафијашките организации, дури и во трговијата со дрога“, заклучува во нов извештај националниот обвинител за борба против мафијата, Џовани Мелил.
  • Проширена е и соработката со криминални групи од Кина за меѓународни исплати преку паралелен систем за трансфер на пари познат како „хавала“.
  • Парите од шверц на дрога од Јужна Америка ги перат преку инвестиции во градежништво, фирми за управување со отпад и супермаркети.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

2

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

3

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
4

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина
5

Волк на скромна македонска софра

Разно
6

Не се закачајте со Гоца

Балканштина
7

На некој да не му фали Волво?

Македонштина
8

Договорен историски самит Си-Трамп-Путин во Кина

1

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

2

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

3

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
4

Договорен историски самит Си-Трамп-Путин во Кина

5

Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп

Свет
6

Изборот на единствен лидер е невозможна мисија за Европа

Свет
7

Путин умира, Русија ја напаѓа Естонија, НАТО губи

Свет
8

Хуанг замина од Nvidia, Вол Стрит очекува да пукне балонот на ВИ

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Балканштина

Не се закачајте со Гоца

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Се сеќавате на #Occupy?

Кога нешто звучи „научно“

Украина не ја започна војната, ама, ја испровоцира

Обезглавувањето на професорот е „cancel култура“ со поинакви средства

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy