Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Декласифицирани документи на ЦИА: Киро Глигоров одбил 100 милиони долари за да го смени името

5 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Медиумите од соседството, „инспирирани“ од неодамна декласифицираните архиви на американската разузнавачка служба – ЦИА, го откриваат историското значење на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, како една од „најенигматичните и најстратегиските фигури на југословенската транзиција“.
  • Албанската новинска агенција ИНА, повикувајќи се на документите на ЦИА, ја открива внимателната дипломатска игра на Глигоров во раните 1990-ти години.
  • „Во време кога регионот тонел во крвопролевање, Глигоров успеал да маневрира меѓу силните притисоци од Грција, ризикот од Белград и внатрешните етнички тензии со Албанците. Во разузнавачките извештаи тој е опишан како ‘мудар реформатор’ со извонредно владеење на стратешките детали“.
  • Она што најмногу им оставило впечаток во ЦИА е што Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за да се купи името на Македонија.
  • „Документот открива изненадувачка заднина: и покрај итната потреба од економска помош, Глигоров одбил приватна понуда од грчки функционери во износ од 100 милиони долари, со услов да се смени името на државата. Претседателот ги оценил грчките барања како целосно неразумни, изјавувајќи дека Македонија никогаш нема да ги прифати. Тој инсистирал дека републиката дала доволно докази дека нема територијални претензии кон соседите, истовремено изразувајќи длабоко разочарување од Европската заедница, која ја поддржувала грчката вето-политика“.
извор

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Првиот човек на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, го обвини Брисел дека го поткопува европското воздухопловство преку нееднакви давачки за јаглеродни емисии. Повисоко ги оданочува летовите во рамките на ЕУ, а ги ослободува американските и кинеските авиопревозници, иако тие испуштаат повеќе штетни гасови.
  • Според Евроконтрол, летовите на долги релации претставуваат само 6% од вкупниот број во Европа, но создаваат 53% од емисиите на јаглерод. Сепак, спаѓаат под поевтината категорија на ОН за компензација, а не во внатрешниот систем на на ЕУ.
  • Европската комисија предложи од 2029 година да ги прошири мерките врз одредени летови што поаѓаат од Европа, но тоа нема да важи за подолгите рути и летовите што пристигнуваат од САД и Кина.
  • „Урсула фон дер Лајен се плаши да направи нешто освен да зборува. Таа е бескорисна. Европа има патоказ за поголема конкурентност – тоа е Извештајот на Драги. Две години подоцна, ниту една од неговите препораки не е спроведена, а Урсула фон дер Лајен се крие во зградата 'Берлемон' и не прави ништо, освен што држи говори“, изјави О'Лири за Еуроњуз.

извор

Милиони хакерски напади врз интернет

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Фирми за кибернетска безбедност регистрирале милиони напади врз веб-страници откако беа објавени критични пукнатини во програмскиот јазик PHP на кој се потпира интернетот.
  • „Десет часа пред објавувањето на ранливоста, забележавме илјадници обиди за злоупотребување на мрежата. Таа бројка се зголеми на десетици илјади во 45-те минути по објавувањето, на стотици илјади во рок од 2 часа, а сега достигна милиони“, изјави Метју Принс, директорот на Cloudflare.
  • Додека се надградува заштитата на серверите, во прекин се многу владини, даночни, банкарски, авионски и железнички услуги од Финска до Јапонија.
  • „Тоа беше долг ден и долга ноќ, за сите што работат во информатичкиот и безбедносниот сектор. Вакво нешто не сум видел многу, многу долго време“, изјави Сатја Надела, извршниот директор на Микрософт.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Јако мување

Балканштина
2

Се моли премиерот да не биде наивен

Македонски рулет
3

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

4

Вардарова лекција среде Франција

Ракомет
5

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Разно
6

Шкендија со навреда за христијаните го најави дербито со Вардар

7

Проектилот од четири агли на најскапиот играч во историјата на Реал

Фудбал
8

И Европа размислува за директни преговори со Путин

1

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

2

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Разно
3

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Свет
4

И Европа размислува за директни преговори со Путин

5

Милиони хакерски напади врз интернет

6

Од Персискиот Залив сега излегува повеќе нафта отколку пред војната

7

Западот страда од безнадежност

Мислења
8

Пентагон сака да прави своја ЦИА

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Јако мување

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Епска франшиза

Дискретните херои

Што вака подуени?

Цел свет, дигитално орвелијанско Кратово

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy