Шефот на британската дипломатија Ед Милибанд го обвини Израел дека поддржува терористи помеѓу еврејските доселеници кои вршат етничко чистење на Палестинците од Западниот Брег. Ова е најостра осуда од Британија за државата Израел од нејзиното основање.
Милибанд се воздржа да ги опише како „геноцид“ дејствијата на Израел во Газа, но истакна дека постојат докази за воени злосторства.
„Обединетото Кралство предолго се двоумеше да преземе акција, од страв да не биде обвинето за антиизраелски став... додека продолжуваат ужасните страдања на Палестинците“, истакна премиерот Енди Бурнам.
Првата конкретна мерка на Лондон се трговски санкции за израелски производи што потекнуваат од окупираните палестински територии: забрана за увоз на стоки од нелегалните населби; запирање на градежни услуги или финансирање за израелските населби; и забрана за дозволи за оружје и „друг извоз што суштински придонесува кон окупацијата“.
Како одговор, израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар најави затворање на конзулатот на Обединетото Кралство во Ерусалим и забрана за влез во Израел за 12 британски пратеници и активисти.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.