- Американскиот претседател не ја отфли можносга за територијални отстапки за Русија заради запирање на нејзината инвазија врз Украина.
- „Тоа е нивна територија, нема да им кажувам што да прават со неа. Но, некогаш попат ќе има преговори и во овој момент не се знае што тие преговори ќе донесат,“ го пренесува Њујорк пост Џо Бајден.
- Давање територија за мир со Русија претходно предложи поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер по што беше ставен на украинска листа на непријатели на земјата.
- Бугарија е на пат да забележи историски најниска излезност на првиот круг од претседателските избори. Според последниот официјален пресек на Централната изборна комисија, до 16 часот гласале само 16,04 отсто од избирачите.
- Според две од трите мерења, до два часа пред затворањето на избирачките места гласал само секој петти избирач.
- На претседателските избори во 2021 година во истиот период излезноста била 24,12 отсто, односно за повеќе од 8 процентни поени повисока.
- Во 1992 година, на првите демократски претседателски избори, излегле 75,39 отсто од избирачите, во 1996 година 63,14 отсто, а во 2001 година 41,63 отсто. Досега ниту еден прв круг не паднал под 40 отсто.
- Излезноста на парламентарните избори во Србија во часовите по отворањето на избирачките места е двојно поголема од онаа на претходните избори во 2003 година. За гласање се прават километарски колони.
- За 250 пратенички места во Народното собрание се натпреваруваат 18 изборни листи, од кои девет се малцински. Право на глас имаат нешто повеќе од 6,45 милиони избирачи.
- Главната битка е меѓу владеачката Српска народна странка чија листа ја предводи Александар Вучиќ и Студентската листа, изнедрена по долготрајните блокади и протести иницирани од падот на настрешницата во Нови Сад,
- За постизборната ситуација и комбинации не помалку важно е дали и кои други партии ќе го преминат цензусот. Таа дилема важи главно за Социјалистите на Ивица Дачиќ, Автентичната десница на Милош Јовановиќ и Европската листа (Здравко Понош, Мариника Тепиќ, Ѓилас...).
- Резултатите се неизвесни но уште поголема неизвесност и несигорност создава прашањето дали тие ќе бидат признати од страната која ќе изгуби, во атмосфера во која српското политичко тело е полазирано како никогаш досега.
- Од заедницата на Македонци во Србија потсетуваат: „Шарената револуција не ѝ донесе ништо добро на Македонија, не сакаме и Србија да помине низ слично искуство“.