Претставничкиот дом на САД усвои закон за трајно воведување на летното сметање на времето низ целата земја.
„Промената на стрелките на часовникот двапати годишно е реликт од минатото кој повеќе не го одразува начинот на кој Американците живеат, работат и водат бизнис во 21 век“, објасни републиканскиот конгресмен Гас Билиракис, ко-спонзор на Законот за заштита на сончева светлина.
Демократските конгресмени овојпат ја поддржаа мерката, за разлика од 2022 година, кога го отфрлија со аргумент дека таа влијае врз Американците што одат на работа рано во текот на зимските месеци.
Експертите за спиење се залагаа за трајно воведување на стандардното време, а не на летното, бидејќи според нив „тоа најдобро би се усогласило со циркадијалните ритми на луѓето и би го подобрило нивното здравје“.
Белата куќа отворено го поддржа законот, опишувајќи го како „мерка заснована на здрав разум“.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.