Во автобусот имало 52 лица. Меѓу 46-те загинати има и 12 малолетници, а останатите главно се млади лица на возраст од 20 до 30 години.
Автобусот се враќал од Истанбул. Во 21 часот влегол во Бугарија преку граничниот премин Капетан Андреево, а несреќата се случува некаде околу 3 часот наутро на автопатот од Софија кон Благоевград.
Како можна причина за сообраќајката се шпекулира со грешка на возачот или ненадејна техничка неисправност на автобусот.
Опожарениот автобус бил последен од колоната 4 автобуси кои се враќале од Истанбул.
Автобусот бил во сопственост на превозникот „Беса транс“
Според Османи најголемиот дел од жртвите се од Скопје.
Автобусот удрил со предната десна гума во сообраќаен знак, по што бил исфрлен 45 метри настрана, изјавил секретарот на регионалниот совет за безбедност, Васко Пиргов.
Пиргов: возачот најверојатно имал туби со дизел до предните седишта заради што дошло до експлозија и палење.
Роднини на загинатите и полиција пред канцеларијата на Беса транс.
Прогласена тридневна жалост за жртвите од сообраќајната несреќа.
Најмалку 12 луѓе загинаа и десетици се повредени во верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“ во Бугарија.
Во услови на исклучително густа магла во 7 часот наутро, близу клучката „Зимница“ имало два верижни судари – едниот во правец кон Бургас, а другиот во спротивната насока кон Софија.
Се судриле повеќе од 86 автомобили, камиони и автобуси. Некои се запалиле.
Десет лица загинале на место, а уште две починале при транспорт до болница.
Најмалку 48 повредени луѓе биле префрлени во болниците во Јамбол и Сливен, некои во тешка состојба, изјави министерката за здравство Катја Ивкова.
Во операцијата за извлекување патници од возилата и укажување итна помош се ангажирани и припадници на воените сили, со хеликоптери и транспортни авиони.
По победата на партијата „Die Linke“ (Левица) на изборите во Берлин, започнаа коалициски преговори за планот за преземање на над 160.000 приватни станови (претежно во сопственост на компанијата Воновија) во јавна сопственост, со компензација ограничена на 16 милијарди евра.
Левичарите се повикуваат на уставната одредба за „поопштествување“ но планот се соочува со жесток отпор од инвеститорите и најавата на канцеларот Фридрих Мерц за забрана на овој потет на федерално ниво.
„Домувањето е човеково право и ние сакаме да го одземеме од канџите на шпекулантите,“ изјави левичарската кандидатка за градоначалничка на Берлин.
Изборните победници се обидуваат да состават влада со идеолошки блиските Социјадемократи и Зелените а конзервативците ги обвинуваат за антисемитски ставови и блиски врски со кругови кои оправдуваат тероризам.