- Од припадници на паравоената формација ОНА, на 28 април 2001 година, попладнето во 17:45 часот на кривината Црвен камен во месноста Бреза, на средина од планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце - тетовско од заседа беа пресретнати, нападнати, убиени и на крај ѕверски масакрирани осум, а ранети тројца припадници на безбедносните сили на Република Македонија.
- Откако со истрели од близина се усмртени тешко ранетите, но сѐ уште живи припадници на безбедносните сили на Република Македонија, терористите го започнале масакрирањето на нивните тела со брутално кршење на черепите со кундаците од пушките и со бодење на веќе мртвите тела на македонските бранители со длабоки убоди предизвикани со вртење од таканаречен "кинески" нож. На крај тројца полицајци, сѐ уште живи биле запалени и целосно изгорени.
- Талат Џафери деновиве рече дека е „онемен и бесен“ од она што го видел во Украина.
- Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
- Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
- „'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
- Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.
- Трите најголеми италијански мафијашки групи формирале нов сојуз, кој ја засилил соработката со албанската мафија за трговија со дрога. „Најновите истраги открија стабилни и стратешки односи меѓу организации од Калабрија со Албанците“, изјави Никола Пјаченте, главниот обвинител на Џенова.
- Сицилијанската Коза ностра, калабриската Ндрангета и неаполската Камора ја препознале штетата од меѓусебните војни и формирале сојуз „Хидра“ за да го зголемат профитот од своите криминални активности, без да ја жртвуваат автономијата.
- „Јасно е дека исчезнуваат историските разлики меѓу мафијашките организации, дури и во трговијата со дрога“, заклучува во нов извештај националниот обвинител за борба против мафијата, Џовани Мелил.
- Проширена е и соработката со криминални групи од Кина за меѓународни исплати преку паралелен систем за трансфер на пари познат како „хавала“.
- Парите од шверц на дрога од Јужна Америка ги перат преку инвестиции во градежништво, фирми за управување со отпад и супермаркети.