16 години не е ажурирана листата на забранети супстанци во козметиката
10 февруари 2026
- Шеснаесет години не е ажурирана листата за забранети супстанци во козметичките производи кои се пуштени во промет на територија на Македонија, а ниту една лабораторија нема опрема за испитување на забранети супстанци (фталати и бор) во детските играчки кои се увезуваат и пуштаат во промет на територијата на државата, се вели меѓудругото во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР).
-
На листата од 2010 година, како забранети, делумно забранети или времено дозволени се наведени околу 1.600 супстанции и од тогаш не е ажурирана ни еднаш, за разлика од ЕУ чија листа на забранети супстанци во козметичките производи во истиот период повеќекратно е ажурирана, а до денот на ревизијата брои 1.751 забранети супстанции.
-
Државниот ревизор потенцира дека е потребно листата да се ажурира и усогласи со онаа на ЕУ но и да се востанови законска обврска за нејзино навремено ажурирање и усогласување.