Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Кумановски муабети.
Според некои верувања на себе и семејството можете да навлечете несреќа сосема несвесно, ако правите некои работи на одреден начин.
Во некои случаи од зли дѕхови ќе се заштитите ако со прстите направите форма на крст, какар како велат тоа се т.н. бабини деветини.
Овде е попис на некои од работите кои би требало да ги избегнувате ако не сакате да ве следи несреќа, а дали се празни верувања или не, проценете сами.
Не го отворајте чадорот во затворен простор, дома или на работа – ако не сакате сите несреќни да ви паднат на глава.
Не ставајте капа на креветот – на косата може да се најдат зли духови кои од неа може да преминат на капата, а преку капата во семејниот дом – тоа носи несреќа.
Не дишете покрај гробиштата затоа што тоа е голем ризик за среќата. Имено, здивот треба да се задржи додека минувате покрај гробишта за да не вдишете нечија душа.
Не убивајте пчела во домот, затоа што некој непријатен ќе ви дојде во посета.
Не стојте во средина за време на фотографиеање, ако сте тројца бидејќи оној кој е во средина ќе почине прв.
Не вкрстувајте го приборот за јадење на масата, односно внимавајте со него да не направите форма на крст, тоа ќе ја повика несреќата во домот.