Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Бркај работа.
Зетот на српската танчерка и пејачка Слаѓа Делибашиќ и на музичарот Џоле Џогани, за кој е мажена нивната ќерка Силвија, излегол од затвор.
Тој пред 5. години бил уапсен поради дрога која била пронајдена во неговиот изнајмен стан во Белград по што бил осуден на една година затвор.
Слаѓа за српските портали изјавила дека среќното семејство повторно е на куп додавајќи дека нејзиниот сакан е прекрасно момче.
- Силвија, бебето и тој повторно започнуваат заеднички живот бидејќи таа цело време додека Бане беше во затвор, таа беше кај мене. Тој е прекрасно момче, само што почна да работи и многу ми е жал што доби епитет на нарко дилер а нема ни сто евра во џеб. Животот е таков, сочинет од успони и падови, но сето тоа се лекции во животот. Најважно е семејството да ние здраво и дека тие двајца се прекрасна двојка. Семејството на Бане е прекрасно и имаме прекрасен однос. Ние зборуваме за многу работи со мајка му на Бане и заедно си бевме голема поддршка. Мојот поранешен сопруг Џоле исто така и помагаше на Силвија и не помина ден без да дојде и да ја види својата внука - вели Слаѓа, додека нејзината ќерка Силвија не сакала да открива многу детали сега кога нејзиниот сопруг е повторно на слобода.
Бане беше уапсен со двајца пријатели бидејќи во стан кој го изнајмиле била пронајдена дрога.