Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Пулс 24.
Доколку сакате вашиот дом секогаш да мириса свежо и чисто, а притоа тоа да не биде некој вештачки мирис, постојат начини за да го постигнете тој ефект со помош на природни средства.
Еден од нив е ловоровиот лист, кој освен што наоѓа примена во кујната, може да послужи и како средство за чистење на домот од различни непријатни мириси и мирис на влага.
Сѐ што треба да направите е да запалите неколку суви листови од ловор.
Резултатите кои можете да ги очекувате се навистина неверојатни:
1. Мирисот на ловоров лист делува како аналгетик, при што организмот поактивно лачи ендорфин.
2. Го смирува нервниот систем.
3. Мирисот на ловоров лист има моќ да спречи епилептични напади.
4. Помага во проблемот со несоница.
5. Го подобрува чистењето на дишните патишта.
6. Освен за здравјето, ловоровиот лист е многу ефикасен во борбата против различни инсекти, бидејќи неговиот мирис ги плаши, а не е штетен ниту за децата, ниту за домашните миленици.
Па затоа, запалете неколку листови од ловор и излезете од просторијата на 10 минути. Кога ќе се вратите, ќе забележите дека во просторијата покрај мирисот, се променила и самата атмосфера.