Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Коментар.
Експертот Јане Корхонен од Универзитетот Аалто во Финска тврди дека при проценка на ризикот од конфликт со претставниците на вонземјанските цивилизации, би можело да ни помогне искуството од Студената војна. Тој ја анализира опасноста од евентуален превентивен удар, насочен кон земјаните.
Научникот е на мислење дека во случај на контакт со вонземјаните, ризикот од удар против земјаните би можел да биде пресметковен како однесувањето на САД кон поранешниот СССР, за време на Студената војна.
Корхонен тврди дека дури и комуникацијата во почетокот да оди тешко, тие рационални суштества какви и да се, ќе донесат одлуки, преку кои ќе се стремат да избегнуваат неосновани напади.
Освен тоа, авторот на студијата, вели не треба да се однесуваме со потценување или со агресија кон претставниците на чуждоземните цивилизации.