Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вечер.прес.
“Позната жена – позната болест“, напишала на својот Фб, популарната македонска пејачка Јасмина Гуњова и предизвикала лавина коментари. Пејачката песимистички додаде и тоа: “Готова сум. Ќе се сликам со вирусот“. Таа всушност оваа пандемија се обидува да ја усмери на некоја шега, колку што може тоа да биде шегобијно. Впрочем, на Гуњова пред некоја ноќ на сон и дојде популарната поп-пејачка Марија Шерифовиќ.
– Сонував како Марија ми дошла на гости, па се сликав со неа. Жена да ти дојде на гости во сон, а позната, тоа носи болест. Коментира Гуњова.
Но таа воедно и самата констатира дека за среќа, тоа е само сон, а секојдневието е поинакво. Им советува на “неверните Томовци“ да не се измислуваат причините со кои лесно би ја прифатиле вонредната состојба, туку да правиме по дома тоа што ќе не чини да бидеме среќни во овие денови со најблиските.
=
– Животот е убав колку и да не е совршен, порачува Јасмина која на фб ги стави штотуку испечените пици и кифлички….велејќи дека се тамам по нејзиниот вкус и рецепт!