Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Коментар.
Старите Римјани верувале дека вулканот Солфатара е влезот кон пеколот. Во последно време тоа верување се засилува, бидејќи научниците докажаа дека покрај овој вулкан "ѓаволот" кај човекот се зајакнува, или барем така велат некои.
Гасот мириса на сулфур, а тоа од древни времиња се смета за ѓаволски елемент. Познато е дека во поголеми количини водороден сулфид е штетно, но во мали дози тој помага на машката сила да биде долготрајна.
Солфатара е еден од најактивните вулкани во Флегрејските полиња во близина на Неапол, во близина на Везув. Специјално кај него е дека тој со векови не исфрла лава, а само испушта топла пареа и гасови од многубројните пукнатини во Земјината кора, наречени фумароли.
Својствата на исцелителната кал се познати одамна, но за ѓаволската способност на гасовите, се зборуваше неодамна.