Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Сопругата на Аца Лукас направила погача за слава, која ја пресекле во присуство на поп.
Аца Лукас вчера со своето семејство ја прославил славата Свети Никола. Тој и сопругата во станот на Вождовци ги угостиле членовите на фамилијата и пријателите, меѓу кои биле и многу колеги на пејачот. Како што налагаат обичаите, тој пред да се соберат сите гости со сопругата Соња кршел колач во црквата Свети Василије Острошки.
- Секоја година одам во црква и кршам колач. Сметам дека тоа треба да го прави секој човек кој слави слава. Не знам што би рекол. Славам дома со семејството и најмилите. Кај нас се собираат многу деца кои си играат и трчаат низ станот, па тогаш и на нас постарите ни е убаво, изјавил Лукас за српски Курир.