Тие ја кројат судбината на светот: „Тројка“ одлучува кој ќе банкротира – еве кои е во неа

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот MKD News.

“Тројката” е израз кој настанал во работен жаргон, а со време преминал и во социјалните сфери. Означува три главни меѓународни организации, кои меѓу другите, ѝ позајмиле пари на Грција за да ја извлечат од финансискиот колапс.

Кои организации ја сочинуваат “Тројката”

money-bank
money-bank

Европската комисија ја претставува Европската унија и 19. земји членки кои се во еврозоната, односно го користат еврото како официјална валута. Европската комисија е извршно тело во ЕУ, а врши и секојдневни работи за спроведување на нејзината политика, како и користењето на парите со кои ЕУ располага.

Германија е најголема европска економија, па според тоа имала значајна улога во конечната одлука за извлекувањето на Грција од долговите.

Второто тело е Меѓународниот монетарен фонд или “ММФ”. Основан бил кон крајот на Втората светска војна, за да ја регулира меѓународната трговија и размена. Од тогаш често позајмувал пари на земјите кои се нашле во финансиски проблеми, како Мексико во 80-тите и Аргентина во 2001. година.

ММФ има капацитет за такви позајмици, бидејќи е тежок 750 милијарди евра, а позајмувањето на пари од ММФ значи придржување кон строги правила кои ќе осигурат дека парите ќе бидат вратени на време, што требало да биде случај и со Грција.

Европската централна банка исто така ја сочинува оваа “Тројка”, а била основана за да се соочува со инфлацијата, но денес, поради откупот на грчките обврзници од 2010. година, е подложна сите промени на еврото, пренесува Telegraf.rs.

7 јули 2015 - 15:35