Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Курир.

Среќата им немаше крај во домот на српскиот политичар Чедомир Јовановиќ откако тие споделија дека чекаат принова и дека неговата сопруга е бремена.
Сепак, среќата во домот не траеше долго, бидејќи речиси целото семејство овие денови е тажно, пренесуваат српските медиуми.

Во домот на најзгодниот политичар во регионот починало нивното милениче, а веста ја потврдил тој преку својот Инстаграм профил.
-Летај високо, наша нежна душа, напиша тој во постот објавувајќи и фотографија од кучето.

Сепак, на тагата мора да и дојде набрзо крај, бидејќи имаат убав повод за славење кој доаѓа наскоро со раѓањето на новиот член во нивното семејство.
 
 
 
