Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вечер Прес.
Стојне Николова е една од ретките македонски пејачки кои знаат да се отворат пред новинарите покажувајќи нешто и од својата приватност. Не мора да зборува, но сака да се слика и тоа замислите, во кусо, тесно црно фустанче. Зошто и кога е студено, токму во тој дел од женската гардероба?
– Затоа што на секоја жена и треба црн фустан во кој ќе се чувствува убаво и комотно, а може да го комбинира на милион начини – вели самоуверено пејачката, миленичка на многу мажи.
Затоа ич да не се изненадити доколку ја видите Стојне на настапите во таков фустан. Една вечер вака, друга вечер онака. Нели, во милион варијанти. Само да не е здодевно, а на Стојне да ѝ е удобно. Сите задоволни и распеани со секси Стојне!