Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Најади се.
Како превентива против рак, многумина го консумираат овој магичен сок кој го убива ракот. Тој на организмот му дава енергија, ја поправа крвната слика и го подига имунитетот. Овој сок многу лесно и едноставно се подготвува.
Има само една мана (ако може така да се нарече) не е баш вкусен. Но, поради неговото влијание на нашиот организам, тоа треба да го занемариме. Многумина го пијат, без оглед на неговиот вкус бидејќи им помага и на луѓето кои одат на хемотерпија.
Луѓето велат дека овој сок крева од мртвите.
Потребни состојки:
½ кг моркови
1 кг цвекло
3 јаболки
3 портокали
лимон
1 кг мед
Пред се потребно е сите состојки добро измијте ги, па потоа заедно измиксајте во блендер. Сокот кој ќе го добиете ќе биде во црвена боја. Тој сок ставете го во стаклено шише и чувајте го во фрижидер.
Примена:
Половина чаша од сокот испијте наутро пред појадок, на празен желудник.