Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Maxim.
Стручниот магазин „Medicinal Chemistry Communications“ пишува дека мирисот на прдешката има лековити својства, поточно гасот водород-сулфидот кој го има во стомачните гасови и расипаните јајца.
Водород-сулфидот има моќ да го ублажи оштетувањето на клетките, кое настанува како последица на некои заболувања.
- Водород-сулфидот е гас кој природно се произведува во телото за време на варењето на храната. Постојат импликации дека супстанцата која се испушта за време на овој процес, наречена AP39, може да претставува терапија за многу болести, вели доктор Марк Вуд, автор на истражувањето и професор на универзитетот „Егзетер“.
Непријатната миризба на водород-сулфодот е штетен во големи дози, но во мали количини, го намалува ризикот од рак, срцев удар, артритис и деменција, штитејќи ги нашите митохондрии.