Славни што имале спонтани абортуси

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Се за деца.

 

slavni-sto-imale-spontani-abortusi-4
slavni-sto-imale-spontani-abortusi-4

 

Џулијана Ренсик

Таа е водителка на Е! и ја откри борбата со нејзиниот сопруг против неплодноста во текот на пет сезони од ова шоу. После нивниот прв обид во 2010, добиле вест за абортус кога била речиси 8 недели бремена. После три години борба со неплодноста, минатата година докторите откриле грутки во двете гради за време на еден рутински мамограм. Ги отстранила двете гради во декември 2011. Парот се одлучи повторно да проба но овој пат, преку сурогат мајка, но со нивен ембрион. Сега тие имаат здраво синче.

Лили Ален

Британската поп пејачка доживеа два спонтани абортуса за три години. Вториот беше во ноември 2010 после вирозна инфекција кога била во шестиот месец со син. Бидејќи загубата се случила после 20-та недела од бременоста, тоа се сметало за предвремено раѓање или мртвораѓање. Лили Ален, која тогаш имала 25 години, рече: „Она што ни се слуши беше катастрофа. Тоа ме натера да сфатам што ми се случи, дека такво нешто никогаш не сум доживеала“. Потоа, во јуни 2011 се омажи за своето момче, Сем Купер, ја роди ќерката Етел, точно една година после тешката загуба.

Пинк

Кога добитничката на Греми, Пинк, во 2011 објави дека е бремена од мото-крос ѕвездата Кери Харт, таа исто така ја откри причината зошто била воздржана да зборува за нејзината бременост. „Бев многу нервозна. Доживеав спонтан абортус.“ Но нивниот тежок пат до родителство се исплатил кога се роди ќерката Вилоу Сејџ. „Постојано слушате како луѓето велат дека тоа драстично го менува животот, но не можете ниту да замислите колку убаво е тоа кога ќе добиете свое дете“.

Мараја Кери

Откако се омажи за актерот и комичар Ник Кенон во април 2008 и доживеа спонтан абортус, Мараја кажа за US Weekly дека почнала да зема прогестерон за подигање на плодноста и за одржување на здрава бременост. Примала секојдневни третмани со акупунктура по целото тело, кои можеби помогнале да зачне машко и женско близнаци, Морокан и Монро (таа одрекува дека била на ин витро третмани). Бебињта се родија на април 2011, кога Мараја имаше 41 година.

Никол Кидман

Оскаровката не крие за својата борба со неплодноста, уште пред да се омажи со добитникот на Греми, кантри ѕвездата Кит Урбан во 2007. Порано, во бракот со Том Круз (се сретнаа кога Кидман имаше само 22 години), таа доживеала два спонтани абортуси, кои ја поттикнале да ги посвои Изабела и Конор, кои сега имаат 19 и 17 години. Но, наспроти проблемите со неплодноста на Кидман (таа имаше една вонматерична бременост со Том Круз), после мажењето со Кит Урбан ја зачна керката Сандеј Роуз на 41 година. Подоцна дочекаа уште една биолошка ќерка, Фејт Маргарет, која беше родена во декември 2010 со сурогат мајка. „Не можев да забременам, а сакавме уште едно дете“, кажа Кидман за користењето на сурогат мајка. Тогаш имаше 43 години.

4 јуни 2014 - 08:24