Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Бриф.
Остана уште неполни два месеци од оваа 2014 година. Што не очекува во 2015 година според јасновидецот Нострадамус?
10. Јазичните разлики ќе исчезнат
Нострадамус предвидува дека по откривањето на она што тој го нарекува „нова направа“, светот ќе изгледа „како во деновите пред Вавилон“. Се чини дека Нострадамус зборува за еден вид на универзална преведувачка машина – најверојатно мисли на компјутер. Тој вели дека наскоро таа направа ќе стави крај на разликите меѓу народите.
9. Мртвите ќе воскреснат
„Не далеку од ерата на милениумот, кога нема да има повеќе простор во пеколот, мртвите ќе излезат од своите гробови, “ Нострадамус ги предупредува своите читатели. Тоа застрашувачко предвидување е во согласност со пророштвата кои се наоѓа во последната книга од Новиот Завет позната како „Откровението на Јован“.
8. Светската економија ќе пропадне
Без своите богатства „богатите ќе ја доживеат смртта повеќе пати“, вели Нострадамус. Светската економија се наоѓа на работ на пропаст уште од 2009 година. Тоа не е никакво изненадување! САД оди се подалеку од границата на државниот долг.
7. Голема ерупција на вулканот Везув
Иднината ќе донесе голема ерупција на Везув … и тоа од огромни размери. Тоа може да се случи кон крајот на 2015 година или почетокот на 20616 година, бидејќи со користењето на овој систем, сигурно се наближува тој кобен ден. Тоа може да претставува најлошата ерупција на Везув од 79 г.п.н.е. или 1631 г.п.н.е., двете најлоши ерупции во историјата на човештвото. Ако тоа се случи во текот на дневна светлина, ерупцијата ќе го покрие погодениот регион со тешка темнина. Може да има и земјотреси на секои пет или десет минути пред да почнат да надоаѓаат страшна лава и облаци од чад и пепел, при што ќе загинат 6.000-16.000 луѓе.
6. Луѓето ќе живеат повеќе од 200 години
Напредокот во медицината ќе го зголеми просечниот животен век на луѓето на 200 години. 80-годишниот човек ќе изгледа како 50-годишен, вели пророкот .
5. Ултравиолетовото зрачење ќе го изгори светот
„Моќниците ќе ги ограбат шумите, небото ќе се отвори, полињата ќе изгорат од жештина“, пишува пророкот. Тоа е предупредување дека уништувањето на дождовните шуми ќе направи дупка во озонската обвивка, изложувајќи ја Земјата на штетното ултравиолетово зрачење.
4. Голем земјотрес во Западна Америка
Овојпат нема да тврдам дека ќе се случи ерупција на вулканот Јелоустоун … можеби и ќе се случи тоа, но невозможно е да тврдам со сигурност. На американското копно се имаат случено само две позначајни ерупции на вулкани: на Врвот Ласен во Калифорнија, во мај 1915 година, и на планината Св. Хеленс во државата Вашингтон, во мај 1980 година. Доколку се повтори случката со Врвот Лацен во овој век, тоа би се случило во мај 2006 или мај 2013 година. Но, ниту еден американски вулкан не еруптираше во тие години, така што голема вулканска ерупција би можела да се случи на планината Св. Хеленс или во мај 2001 година, во мај 2008 година, или пак, наскоро во мај 2015 година. Интересно е тоа што голем земјотрес го потресе Сиетл, Вашингтон во февруари 2001 година. Бидејќи во 2008 немаше некои катастрофални случки, можеби треба да се загрижиме за 14-годишнината од земјотресот во Сиетл.
Тоа може да почне како земјотрес, но за многу кратко време ќе биде очигледно дека се работи за нешто многу полошо: вулканска ерупција или, уште полошо, супер вулканска ерупција.
3. Луѓето ќе научат да зборуваат со животните
Достигнувањата во науката за телепатија ќе им овозможат на луѓето да разговараат со нивните миленици и фармските животни.
Тоа ќе доведе до пораст на вегетаријанството, Нострадамус пишува, бидејќи „Свињата ќе му стане брат на човекот.“
2. Западниот свет ќе ги укине сите даноци
Еден голем револт засекогаш ќе стави крај на сите даноци. Пророкот пишува: „Луѓето ќе одбиваат да им плаќаат данок на моќниците.” Тоа е денот кога ќе славам слобода во земјата која безмилосно ни наплаќа даноци.
1. Идните родители ќе мора да поседуваат лиценци
Деновите кога секој може да има бебе ќе останат во минатото до 2013 година, Нострадамус предвидува. Дали тоа може да се однесува на светските напори да се запре пренаселеноста? Мислам дека тоа е премногу драстично, бидејќи децата им припаѓаат на родителите, а не на владата.
ед пророштвото на Нострадамус