Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Хит Портал.
Брачниот пар Јоксимовиќ внимателно ја чуваат својата интима, но овој пат отидоа чекор понапред.
Во вторникот, како што пишуваат српските медиуми, нивниот кум Бане Обрадовиќ отворил кафеана.
Покрај големиот број на познати личности, било јасно дека ѕвезда на вечерта се Јована и Жељко.
Малку пред полноќ, тие двајца се појавиле држејќи се за рака. Сепак, секој обид новинарите да разговараат со нив или со нив со фотоапаратот да ја забележат атмосферата бил залуден.
Наводно, семејството Јоксимовиќ барале новинарите да излезат од кафеаната кога тие ќе влезат. Бане како кум го ставил нивниот интерес пред неговиот, па ја исполнил желбата на Жељко за интимна забава.
Српски Блиц пишува дека се обиделе да добијат коментар од Јоксимовиќ и од Обрадовиќ, но тие не биле достапни.
Само потсетување на една изјава на сопругата на Жељко.
- Жељко и јас ќе бидеме среќни ако успееме нешто да сокриеме, изјави неодамна Јована.
Што кријат Жељко и Јована?