Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Атрактивната пејачка одлучила да ја напушти српската престолнина и на некое време да ја замени со австриската.
Сека одлучила да се породи во Виена. Веќе со години живее на релација Белград-Виена, а како сега е во центарот на вниманието поради долгоочекуваната бременост, таа сака овие денови да ги помине мирно во главниот град на Австрија, рекол изворот.
Според неговите зборови, Сека не ја симнува насмевката од лицето и не сака ништо да ја поремети нејзината среќа.
Ужива во секој слободен момент. Бременоста и ја водат лекарите во Виена. Кога ќе заврши со обврските кај лекарите, Сека заедно со сопругот Вељко шета низ Виена, каде што разгледуваат некои работи за бебето, но и уживаат во пиењето кафе и ручек во тамошните ресторани, додал изворот.