Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Коментар.

Верувате ли во магии ? Тоа се негативни енергии, со кои некој ви влијае. Понекогаш може да бидат доста опасни. Има верување дека магијата се враќа назад на оној кој ја пратил.

 

Еве, кои се најчестите знаци дека можеби сте жртва на магија:

Постојано сте немирни и напнати.Дури и во моменти во кои се очекува да сте радосни, нервите ви се до крајни граници. Ве опфаќа параноја од најмалото нешто.

 

Раздразливи сте. И тоа не запира. Ако направивте скандал, сега барате нова жртва.

 

Доживувате главоболка и несоница. Иако сте се напиле аспирин или апче за спиење, се вртите по цели ноќи.

 

Од дома мистериозно ви исчезнуваат предмети. Омилената слика, облека или предмет. И никој не знае каде се.

 

Наоѓате чудни предмети дома. Марамче со коса внатре. Или изгорен лист хартија со чудни натписи.

 

Сепак не ви оди. На пример, работи во работата кои сте правеле со леснотија, сега завршуваат со неуспех. Веќе неколку пати загубивте пари . Или во рамките на една недела ви ја ограбија куќата или колата.

 

Околу вас постојано одекнуваат електрични апарати. Освен ако немате сериозен проблем во електричната енергија, не ги потценувајте малите незгоди.

 

Одеднаш доживувате необјаснив интерес кон некого – поранешен, сегашен пријател или колега. Сте имале некакви симпатии или дури љубов, но сега не издржувате ни минута, без да го слушнете или видите. Во такви моменти доста е тешко да си дадете сметка дека тоа е чудно. Но, ако сепак ви се направи впечаток, можеби имате магија за љубов.

 

Се разбира, некои од знаците можат да се предизвикани од болест, стрес или едноставно лоша среќа. Но, ако сте ги зеле потребните мерки и ништо не се менува, можно е да имате магија.

Па бидете сочувствителни, одете почесто на црква и не мислете лошо на другите.