Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Фаланга.
На насловната страница на српскиот магазин „Блиц“ осамна фотографија од свекрвата на поп-пејачката Јелена Карлеуша..
Во белградската чаршија се крена голем прав по тој повод, бидејќи досега никој ја немаше видено мајката на фудбалерот Душко Тошиќ, која заедно со сопругот живее во куќа на село.
„На свекрвата ѝ забраниле да зборува… На Карлеуша за подарок куќа во кал… Мајката на фудбалерот ја начеквме како ги храни кокошките…
Соседите велат дека Јелена често ги носи децата на село“, се насловите што ја најавуваат репортажата што екипата на „Блиц“ ја направила за време на посетата на родителската куќа на Душко Тошиќ.