Откриена голема тајна | “Застрашувачките MORGELLONI се во сите нас”

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Кукурику.

Од Chemtrails до псевдоживотот – таа ви ја претставува мрачната тајна на синтетичката биологија!

Таа е експерт за chemtrails, синтетичка биологија и контрола на времето. Нејзиното име е Sofia Smallstorm.

Таа зборува за теми кои многумина ги избегнуваат – за тајните планови да се создаде нова вештачки планета, за кои тврди дека се прават преку масовното прскање, со што се уништува природата и човекот.

Со оглед на фактот дека нејзините истражувања се документирани, не е лошо да се слушне што има да каже. Бидејќи, сепак, ја открива големата тајна која се крие: Застрашувачките MORGELLONI се во сите нас, само е прашање на имунитетот кога и дали ќе излезе на површина.

Како и да е, послушајте го предавањето, бидејќи можеби ќе го промените мислењето за многу нешта што некогаш сте го сфаќале здраво за готово! На пример, може да се уверите дека приказните за chemtrails-ите сепак – имаат основа.

 

29 јануари 2021 - 23:00