Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вечер.
Водителката и некогашна лото девојка Сузана Манчиќ ја шокирала јавноста со изјавата дека редовно оди во една бања за да се подложи на третманот на оросување на вагината. Задоволството од третманот не го крие и вели дека сексот сега и е феноменален и дека сигурно повторно ќе оди на испирање со лековита минерална вода.
На Сими мој му е супер, после се е презадоволен. По оросувањето во кревет ни е неверојатно. Најбитно е дека Симица е презадоволен. Не сум била скоро, но повторно ќе одам во Врњачка Бања на третман. Процесот е пријатен и не е никаква мудрост. После тоа жената се чувствува добро и прогледува како маче. Прогледува од убавина", рекла водителката, која деновие беше во Скопје заради одржувањето на првата регионална Профемина во Скопје, во организација на Колор медиа.
Манчиќ како специјална гостинка пред присутните го пренесе личното искуство за тоа што се една жена мора да направи и "преживее" ако сака да стане славна. Патот до славата не е лесен, а богами и до земјотрес в кревет, се разбира, ако се суди според искуството на Манчиќ.
Инаку, во склоп на Профемина 2015 се одржаа неколку панели посветени на женското здравје, предрасудите за жените, потоа оној насловен Дали ѓаволот ја однесе Прада, па Женска тастатура, Како растеме со нашите деца и Колку е приоритетен физичкиот изглед. На конференцијата учество зедоа реномирани стручњаци од повеќе области.