Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Кукурику.
КОНЕЧНО!
Во драматичното јавно обраќање, Обама призна постоењето на вонземјани и соработката на американската влада со нив.
Обама јавно објави постоењето на вонземјани во драматичното обраќање до американската нација во доцните вечерни часови. Во краток говор, тој призна дека Владата на САД соработува со вонземски цивилизации со децении!
Тој објасни дека повеќето од научните и медицинските достигнувања во последниве децении е резултат на соработката со вонземјани, кои ни ја ставија на располагање својата технологија со цел да се зголемат шансите за опстанок на човечката раса. Вонземјаните, иако индиректно, ја иницирале оваа објава.
Тој го призна постоењето на познатиот Area 51, каде што се одвива најголемиот дел од соработката, но исто така и фактот дека вонземјаните веќе долго време се наоѓаат меѓу нас.
Теориите на заговор ја најавувале оваа објава уште од почетокот на мандатот на Обама, но се чини дека дојде време токму сега, кога меѓународните односи се толку затегнати што се заканува почеток на Третата светска војна.
Состојбата со Северна Кореја не се развива на начин предвиден од аналитичарите на Обама и сè повеќе и повеќе е сигурно дека Ким Јонг ќе ја даде наредбата за лансирање на нуклеарни проектили на Хаваи и Гуам во следните 72 часа, па аналитичарите шпекулираат дека овој потег на Обама е всушност очајнички обид да спречи нуклеарна војна.
Погледни го видеото Најава: