Новиот љубовник на Дара Бубамара има само 23 години и носи исклучиво БРЕНДИРАНА облека – троши милиони и живее како цар!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Гламур.

Иако има само 23 години, тој на социјалните мрежи се фали со својот луксузен живот.

Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара

Во прашање е бизнисмен кој е познат само под името Тони и наводно е во врска со пејачката Дара Бубамара.

Од фотографиите што ги објавува на Инстаграм можеме да видиме дека секојдневно патува на далечни и егзотични дестинации, вози најмодерни автомобили, пие скапи пијалаци и се храни исклучиво со најскапите јадења во понудата.

Во описот на Инстаграм стои дека е инвеститор и бизнисмен, но за сега не се знае ништо повеќе од тоа.

Фото: Инстаграм/ Тони

Врската со познатата пејачка Дара Бубамара ја „обелоденија“ двајцата кога објавија заеднички фотографии, односно фотографии направени на истите места на кои беа при посетата на Малдивите. Потоа младиот и згодниот Тони на својот Инстаграм објави фотографија со Бубамара на скутерот додека се возат по водата, што беше доволно медиумите да се распишуваат за новото момче на познатата пејачка.

Фото: Инстаграм/ Тони

Како тие изгледаат заедно, но и како популарната пејачка го поминува ова лето, погледнете во продолжение.

 
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара

Инаку, Тони е поранешно момче на водителката Душица Јаковљевиќ која неодамна се најде во центарот на вниманието и заради короната. Имено, таа беше една од првите познати фаци со позитивни резултати кои беа на журката што ја направи Цеца Ражнатовиќ по раѓањето на нејзиниот внук, кога по неколку дена корона имаше и пејачката.

Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара

Душица вели дека воопшто не е суетна и дека не и пречи тоа што Дара е в врска со Тони и им посака среќа и што подолго да останат во љубов, и мудро се послужи со тактиката „за поранешните момчиња само убаво“.

 
Фото: Инстаграм/ Дара Бубамара

„Никогаш сум немала поинаков став за било кој од поранешните со кои се дружев или сум била во емотивна врска. На мене Дара ми е супер и Тони е супер момче, им посакувам долго време да бидат заедно“, пишува Телеграф.рс.

Фото: Инстаграм/ Тони

И бидејќи Бубамара и поранешниот на Душица моментално уживаат на Малдивите, многумина ги интересираше и тоа дали водителката е нервозна што неа не ја водел на вакви егзотични патувања.

Фото: Инстаграм/ Тони

„Нема тоа врска, на мене ми е супер и во Врњачка бања, мое тло. Јас бев на Ибица. Но и тоа секако дека нема никаква врска бидејќи никогаш сум немала некој таков комплекс со тоа да се занимавам, на мене ми е важно само срцето да ми е на место“, заклучи таа.

Фото: Инстаграм/ Тони

„Јас толку работи имам во својот живот, и своите две деца, и толку деловни планови, што навистина немам време. Просто, секогаш се занимавам со животот што го живеам во моментот, бидејќи знам од што живеам и за што живеам“, изјави водителката на крајот.

Фото: Инстаграм/ Тони
Фото: Инстаграм/ Тони
Фото: Инстаграм/ Тони
Фото: Инстаграм/ Тони
Фото: Инстаграм/ Тони
Фото: Инстаграм/ Тони
Фото: Инстаграм/ Тони
Фото: Инстаграм/ Тони
Фото: Инстаграм/ Тони

 

31 август 2020 - 10:27