Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Think.
Океанографот нагласи дека технологијата е непозната за модерната наука и дека е дизајнирана на таков начин да пирамидите стојат под водата.
Овие чудни градежни објекти на длабочина од 2000 метри се идентификувани со помош на сонари и океанографот доктор Мејер Ферлаг. Војската ги сопре сите понатамошни истражувања.
Мејер верува дека со откривањето на тајните чудни пирамиди во центарот на триаголникот може да се расветлат сите случаи на мистериозни исчезнувања на бродовите и авионите поврзани со Бермудскиот триаголник.
Прашањето на кое никој нема одговор е како тие пирамиди биле направени и со кое орудие, на дури 2 километри под водата. Засега ниту испитувањата не можат да се извршат поради недостиг на техника и машини за истражување на таа длабочина.
Овие вести биле сензационални и продискутирани на конференцијата во Флорида. Новинарите тогаш имале огромни слики и компјутерски податоци од висока резолуција, кои покажуваат тридимензионални пирамиди како совршено се глатки, без никакви алги или пукнатини.
Имало повеќе извештаи за овие пирамиди. Американскиот океанографи во 1990-те години откриле подводни пирамиди кои биле лоцирани точно во центарот на Бермудскиот триаголник. Научниците ги анализирале сите податоци и заклучиле дека површината е совршено рамна, и дека не е можно да се од лед или стакло. Пирамидите биле три пати поголеми од Кеопсовата пирамида.
Се наметнува прашањето зошто целиот случај е затворен. Случајот го превземаа воените структури, а сите податоци биле блокирани, а понатамошните истражувања се под голема строга воена тајна.
Нејзината четириаголна база е долга 300, а широка 200 метри, а врвот достигнува околу 200 метри. На врвот се наоѓаат две огромни дупки, а низ една од нив водата минува со голема брзина и така се создава подводен бран, кој предизвикува голем вртлог.
Поради него на површината на водата се формира магла и бранови кои се повлекуваат на дното. Токму поради тоа истражувачите на Бермудскиот триаголник веруваат дека тоа може да биде една од причините на мистериозното исчезнување на се што таму ќе се најде.