На семејни фотографии открија дух кој постојано ги следел

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Курир.

Џон и Шона го посетиле музејот Касл во Јорк, а кога ги прегледувале семејните фотографии наишле на морничаво откритие – со нив постојано се појавувал дух на мало девојче.

duhslikas
duhslikas

Додека шетале во музејот, тие постојано имале чувство дека некој ги следи, но брзо заборавиле на тоа.

Во музејот тие биле со својот син, кој тогаш имал само 18 месеци.

Шона и Џон заборавиле на морничавото чувство кое го имале додека шетале во музејот, но две години подоцна, кога ги прегледувале семејните фотографии, останале шокирани.

1duhslikas
1duhslikas

На речиси сите фотографии имало мало девојче, за кое тие велат дека е дух кој ги следел цело време.

Јавноста изрази различни реакции околу фотографиите, но се уште не се знае дали тие се вистински или компјутерски обработени.

2duhslikas
2duhslikas

Сепак, фактот што одамна кружат гласини дека музејот е опседнат, додава уште поголема морничавост и мистериозност околу оваа приказна.

А дали вие мислите дека духот е вистински или обична фотомонтажа, пресудете сами.

24 април 2014 - 09:25