Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Некогашната македонска ТВ водителка, а денес најпознатата скопска трендсетерка, Мелита Ракичевиќ сме ја гледале во разни изданија, различни ситуации, локации, пози… Како и секоја друга и Мелита има свои навики од кои некои можеби некому изгледаат помалку чудни, ама на повќето и не им се, зашто новото време и новите трендови на социјалните мрежи впрочем се такви. Што си почуден, попровокативен, поинтригантен , пооткачен, толку си поинтересен, а со тоа и последен што носи други бенефииции и отвора други врати…
Иако веќе докажана, Мелита не престанува да се покажува и тоа во разни изданија, особено кога е расположена и весела… Е тогаш е и најразиграна, па неретко танцот го споделува со јавноста. Поточно со своите следбеници на социјалните мрежи… И не само танцот!
Имено, овој пат скопската трендсетерката како ѕвезда на танцот сподели видео на Тик Ток кое одново поедници фрли во шок. Мелита онака стројна и бујна, телесно раскошна и надарена, разиграна во својот танц и желба, како што самата вели, да биде растеретена, урбана и необична… Во леопардова кошула, заводливо танцува, провокативно нишајќи ги колковите и вртејќи со заоблената задница, бранувајќи ја машката фантазија. Но, она што како вулкан го „еруптира еротскиот копнеж наречен желба“ се движењата не само на телото туку и на едната рака на трендсетерката, кога Мелита прави неколку движења со кои се допира во пределот на меѓуножјето!
Раката на процепот, за истиот да не се отвори, ама затоа потегот „широко ја отвора“ вратата на еротската фантазија и мечти, а „влажните машки погледи“ се фокусираат на раката на трендсетерката и нејзините еротски допири.
„Раката да не ви смета? Ха, ха, тука е преклопот и го повлекувам да не се отвори“ – екплицитно им образложила Мелита на „возбудените“ следбеници! Веројатно тешко дека некој и поверува, ама затоа сите по неколку пати го враќаат видеоклипчето на „repeat & play“!
Можеби Мелита има „чудни навики“, ама нејзиното куче има уште почудни фетиши! Имено, кога станала утрото од спиење Мелита што да види… Нејзиното куче и ги изгризало чевлите. Слатка штикла, како да е коска!
„Џабе карање, џабе се’, ама фетиш си е фетиш… Вака не играме, лошке една… Ама добро… Многу те сакам… Штиклата нема врска со љубовта…“ – и се обрати Мелита на својата „кучка“ додека ја снимаше со камерата, а оваа мирно лежеше покрај направената штета во просторот „на местото на злосторот“!
Така што „валканиот танц“ на екс ТВ ѕвездата го видовме, фетишот на нејзиното куче го дознавме… Остана Мелита уште да ги соопшти сопствените фетиши!